Репрезентацијата на Франција е еден од главните фаворити за трофејот на Европското првенство, а вчера „галските“ петло успешно ја поминаа и последната контролка Бугарија победувајќи ја со 3:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Резултатот беше отворен во 29. минута кога Антоан Гризман погоди акробатски со ножичи. Победата во финишот од натпреварот со два гола во 83. и 90. минута ја потврди Жиру кој пред крајот на првиот дел влезе на местото на Бензема.
Бензема мораше порано да го заврши натпреварот поради повреда, но според првите најави не станува збор за некоја сериозна повреда.
What a goal from Griezmann 🇫🇷🔥 pic.twitter.com/4mVM6q8AE7#FRABUL
— T I 〽️ (@CFCTlM) June 8, 2021