Дома Фудбал Германија Ноер: Подобар сум, но не знам кога повторно ќе играм!

Ноер: Подобар сум, но не знам кога повторно ќе играм!

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер изјави дека со сигурност ќе се врати на терените до крајот на оваа сезона, иако не знае кога точно ќе добие дозвола за игра од докторите.

31-годишниот Ноер е и капитен на германската репрезентација, па селекторот Лев го очекува да биде спремен да престојното Светско првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тренерите и лекарите треба да кажат колку сум напредувал. Јас се чувствувам одлично и верувам дека ќе се вратам на терените во вториот дел од сезона. Сепак, во моментов не можем да кажам точно кога“, изјави Ноер за клупската телевизија на Баерн.

Ноер последниот натпревар го одигра на 16-ти септември 2017 година и во моментов се рехабилитира од трета фрактура на метаторзалната коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Стигна потврда: Рангник и Баерн ги договараат последните детали

Баерн Минхен ги договара последните детали со новиот тренер кој ќе го наследи Томас Тухел …