Дома Македонски спорт Мак ракомет Новите протоколи го ставија ракометот во Македонија во мирување

Новите протоколи го ставија ракометот во Македонија во мирување

Ракометната федерација на Македонија објави соопштение во кое објавува дека поради новите протоколи натпреварувањата во нејзина надлежност се ставаат во мирување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението од РФМ:

„Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со ковид-19, објавен во Службен весник на Македонија. 

По усогласувањето на општиот протокол со протоколот на Ракометната федерација на Македонија, дополнително ќе бидете известени за отпочнување на натпреварите од горенаведените лиги. 

Апелираме до сите учесници на ракометниот спорт да се почитуваат сите препораки за превенција од вирусот. Ракометната федерација на Македонија ќе ја следи состојбата и навремено ќе ги извести сите засегнати доколку се создадат услови за продолжување на активностите во рамките на федерацијата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…