Дома Фудбал Нови промени во Барселона: Жорди Кројф и Овермарс кандидати за технички директор

Нови промени во Барселона: Жорди Кројф и Овермарс кандидати за технички директор

Eкипата на Барселона на почетокот на новата сезона прави големи промени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се започна со промените во играчкиот кадар потоа на клупата, а сега дојде време за промена во раководството. Од клубот си заминува техничкиот директор Рамон Планес и тоа на негово барање. Тој верува дека неговиот циклус е завршен и ќе побара нов предизвик во кариерата, иако неодамна го продолжи договорот на уште две години.

Планес во неговиот период во Барселона ги доведе Педри и Роналд Араухо, наводно е заслужено и за напредокот на младиот Гави како и на Илакс Мориба кој си замина.

Одлуката Планес веќе ја соопштил на раководството кое сега бара негова замена на оваа позиција. Во овој моемнт главен кандидат е Жорди Кројф, меѓутоа се споменува и Марк Овермарс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…