Дома Фудбал Нови проблеми за Реал – Бензема неизвесен за „Ел Класико“

Нови проблеми за Реал – Бензема неизвесен за „Ел Класико“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се здоби со повреда за време на мечот со Алавес минатиот викенд.

„Кралевите“ беа поразени во самиот финиш со 1:0, а најверојатно на тој меч го загубија и својот напаѓач, Карим Бензема.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вчера 30-годишниот напаѓач бил на детални медицински прегледи кои потврдиле дека има истегнување на мускуот на десната потколеница.

Од клубот не откриваат колку време ќе биде надвор од терените првиот стретец на тимот, но медиумите претпоставуваат дека станува збор за период од 2 до 3 недели.

Поради тоа постои веројатност Бензема да го пропушти големото дерби со Барселона на „Камп Ноу“ кое се игра на 28-ми октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тен Хаг: Ако не ме сакаат во Јунајтед, ќе освојувам трофеи на друго место

Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена…