Дома Фудбал Англија Нови проблеми за Венгер пред вечното лондонско дерби: Клучниот играч неизвесен поради повреда?!

Нови проблеми за Венгер пред вечното лондонско дерби: Клучниот играч неизвесен поради повреда?!

Францускиот напаѓач, Оливие Жиру се повреди на пријателскиот меч против Велс во Париз, кој се одигра во петокот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


31-годишниот Жиру на споменатиот меч беше стрелец на вториот погодок за конечни 2:0 во 71. минута, но само две минути подоцна беше приморан да излезе од игра поради непријатниот удар кој го претрпи.

Од Фудбалскиот сојуз на Франција веќе порачаа дека Жиру ќе го пропушти претстојниот пријателски меч против Германија кој се игра во вторник во Келн, а оваа вест е проблематична и за Арсен Венгер.

Арсенал за седум дена го очекува лондонското дерби против Тотенхем, но се уште не е познато дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хорор повреда во Хондурас: На Бразилец му висеше зглобот, фудбалерите се држеа за глава (Вознемирувачко видео)

Страшни сцени го одбележаа натпреварот во Хондурас меѓу Оланча и Мотагуа, кога бразилскиот…