Дома Фудбал Останато Нови детали: Докторот обвинет за смртта на Марадона

Нови детали: Докторот обвинет за смртта на Марадона

Смртта на легендата Диего Марадона го потресе светот, па и понатаму е главна вест.

Човекот кој до последниот ден беше одговорен за здравјето на Диего Марадона, хирургот Леополд Луке се наоѓа под истрага на Обвинителството поради немарност и пропусти во лекувањето на фудбалската легенда.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентинците сега откриваат нови детали од тоа што се случувало пред срцевиот удар на Марадона.

„Во своите последни часови се измешале моменти на среќа со бес и демоните кои секогаш го следат Марадона. Осамен. Тажен. Во замка на неговите демони. Така почина Марадона“, пишуваат медиумите во Аргентина.

На Луке му се ставаат на товар тоа што не ги спровел сите потребни процедури при отпуштањето, а потоа Диего немал ниту брза и адекватна помош кога му се слошило.

Доказ против докторот е и повикот до итната помош, во кој не било напоменато дека се работи конкретно за Диего Марадона, туку за маж на 60-годишна возраст. Докторот ќе мора да одговара и зошто немало 24-часовен лекарски надзор до екс-фудбалерот, зошто во куќата немало адекватни лекови и зошто немало дефибрилатор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…