Дома Топ вести Нова средба на „Камп Ноу“ за иднината на Кутињо

Нова средба на „Камп Ноу“ за иднината на Кутињо

Следниот месец ќе биде од големо значење за иднината на Филипе Кутињо во Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека се одржал состанок на „Камп Ноу“ каде покрај раководството на Барселона присуствувал и агентот на Бразилецот, Киа Јорабчијан.

Клубот не мисли за задолжителен трансфер, но доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Според медиумите Барселона е спремна да го продаде Кутињо доколку пристигне понуда повисока од 100 милиони евра, а интерес за Бразилецот покажуваат Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Утре Барселона го игра реваншот во ЛШ против Манчестер Јунајтед, а каталонските медиуми откриваат дека Кутињо нема да биде во стартниот состав и дека е се поблиску до излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан на чекор од засилување од Примера

Милан постигал договор со поранешниот лев бек на Барселона, Хуан Миранда, кој моментално н…