Дома Фудбал Нова лоша вест од Атина: Мајката убиениот навивач доживеала срцев удар

Нова лоша вест од Атина: Мајката убиениот навивач доживеала срцев удар

Грчките медиуми констатно објавуваат нови информации за вчерашната тепачка помеѓу навивачите на Динамо и АЕК во која животот го загуби 29-годишниот Михаил, навивач на грчкиот тим.

Во жестоката пресметка имаше уште неколку лица повредени, а биле уапсени 82 навивачи на Динамо и 14 на АЕК. Сега пристигнуваат нови лоши вести.

Наводно, мајката на убиениот навивач доживеала срцев удар откако и била соопштена веста за смртта на нејзиниот син. Мајката на Михаил била однесена во истата болница каде што се и повредените навивачи.

УЕФА веќе потврди дека натпреварот е одложен и ќе се игра на 19-ти август, додека четири дена претходно е  закажан дуелот на „Максимир“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн на испит во Мадрид, Барселона против перфектната Астон Вила

Четвртото коло во Лигата на шампионите носи девет натпревари, со Атлетико – Баерн и Барсел…