Aрсенал денес во натпреварот против Манчестер Сити им приреди уште едно разочарување на своите фанови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Топџиите“ беа поразени со убедливи 5:0. Од самиот старт Манчестер Сити најави како ќе се одвиваат работите. Гундоган го отвори резултатот после седум минути, а само пет минути подоцна Феран Торес погоди за 2:0.
Продолжија „грѓаните“ со нападите, Арсенал тешко излегуваше од својата половина. Ситуацијата за нив стана полоша откако во 35. минута беше исклучен Гранит Џака. Габриел Хесус на истекот на првиот дел стрелаше за 3:0.
И во второто полувреме ништо не се промени, Арсенал не создаде ниту една посеризона шанса, преостанатите два гола беа дело на Родри и Феран Торес кој по втор пат се запиша во листата на стрелци.
Арсенал сезоната ја започна очајно со три порази во исто толку натпревари и без даден гол и со девет примени.