Дома Фудбал Италија Нова истрага во Италија: Се обложувал и фудбалер на Милан?!

Нова истрага во Италија: Се обложувал и фудбалер на Милан?!

Николо Фаџоли и Сандро Тонали добија суспензии поради обложување на фудбалски натпревари, а сега со обвинувања се соочува и фудбалерот на Милан Алесандро Флоренци.

Италијанската новинска агенција „АЏИ“ објави дека Флоренци е под истрага за обложување. Ако се потврдат обвинувањата Флоренци би бил третиот суспендиран фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во наредните денови Флоренци ќе седне пред обвинителите и ќе одговара на нивните прашања.

Претходно се водеше истрага и против Заниоло кој тврдеше дека играл само покер и блек џек на нелегални платформи, па тоа не му донесе проблем со суспензија. Ќе потсетиме, Фаџоли доби суспензија од седум, а Тонали од десет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…