Поради одржувањето на Европското првенство за кошаркари до 18 години од Б дивизија и зафатеноста на салата „Јане Сандански“, тимот на Вардар нема да може да тренира во својата сала, па побара тоа да го прави во Автокоманда. Со оглед на тоа што Металург со подготовките ќе стартува во август, управата на Металург ја прифати молбата на Вардар, па неговите ракометари ќе тренираат во Автокоманда на 27 и на 28 јуни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардаровиот тим се договорил со ривалот од Автокоманда, РК Металург два дена да ги користат услугите на нивната сала. Вардарци ќе одржат тренинзите на 28 и 29 јули. Избраниците на Перондо од понеделник се враќаат во СЦ„ Јане Сандански“, потоа ќе заминат на висински подготовки во Словенија. Тие петта година по ред ќе се подготвуваат во Крањска Гора, откаде ќе заминат да ги одиграат на турнирите во Германија и Франција.