Дома Фудбал Италија Нова драма во семејството Касиљас!

Нова драма во семејството Касиљас!

Убавата водителка Сара Карбонеро, сопруга на славниот голман Икер Касиљас, на социјалните мрежи откри дека имала тумор и веднаш била оперирана, таа се надева дека сепак се добро ќе се заврши.

Икер Касиљас пред три недели преживеа срцев удар, а сега пристигна вест за нова драма во неговото семејство. Неговата сопруга, Сара Карбонеро на социјалните мрежи соопшти дека имала малиген тумор и веднаш била оперирана.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се уште не опоравени од стравот, животот ни приреди ново изненадување. Овој пат јас бев погодена, тој збор од шест букви (cancer) кој се уште ми е мака да го напишам. Пред неколку дена, на рутинска контрола докторот забележаа малиген тумор и веднаш бев оперирана. Се помина во најдобар ред, за среќа го забележаа рано, но ме чека битка во следните неколку месеци, продолжувам со третмани и убедена сум дека се добро ќе се завшри. Знам дека патот ќе биде тежок, но и дека ќе има среќен крај. Ја имам поддршката од семејството, пријателите и докторите“ – напиша новинарката, која исто така побара од нејзините колеги да ја почитуваат нејзината приватност и приватноста на нејзиното семејство во овие деликатни моменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …