Дома Фудбал Италија Нов проблем за Јувентус: Роналдо бара да му се исплатат 20 милиони евра

Нов проблем за Јувентус: Роналдо бара да му се исплатат 20 милиони евра

Во 2021 година Кристијано Роналдо го напушти Јувентус и премина во Манчестер Јунајтед, а сега од калчолигашот кој и онака се соочува со проблеми поради финансиите бара скоро 20 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Целото раководство на Јувентус на чело со Андреа Ањели неодамна се повлече, а причина се наводните финансиски малверзации. Барањето на Роналдо да му се исплатат 19.9 милиони евра може да биде дополнителен проблем.

Станува збор за износот од кој Роналдо се откажал во време на пандемијата поради кови-19. Тогаш Роналдо се согласил да добива помала плат за износот подоцна да му биде дополнително исплатен.

Обвинителството во Италија ги истражува лажните сметки на клубот за да се покаже дали имало малверзации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ и Барса ја завршија работата: Феран Торес е на „Паркот на принцовите“

Изгледа дека завршивме уште една трансфер сага, побрзо и побезболно од очекуваното. Како П…