Дома Останати Ракомет Нов проблем за Вардар: Заврши сезоната за Сергеј Горбок!

Нов проблем за Вардар: Заврши сезоната за Сергеј Горбок!

Рускиот репрезентативец и член на Вардар Сергеј Горбок повторно има проблеми со повредите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Искусниот 36 годишен лев бек ги скина лигаментите на коленото и пред него е долга пауза. Тимот на Вардар на својата официјална страна објави дека во наредните месеци ќе биде без услугите на Русинот.

Ваквата повреда бара пауза од најмалку шест до осум месеци.

Поради ваквата ситуација во пресрет на натпреварот против Железничар, останува да се види дали во составот ќе се врати Борозан кој во изминатиот период не играше заедно со Карачиќ.

Горбок се врати во Вардар минатото лето после две сезони поминати во унгарскиот Пик Сегед.

Ќе потсетиме, претходно во таборот на црвено-црните се повреди Стојанче Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ отвори истрага за расизам за време на спектаклот во Охрид (Видео)

Ракометарите на Охрид испишаа историски успех освојувајќи го Европскиот куп на ЕХФ по двет…