Фудбалерите на ЛА Галакси на свој терен славеа победа против Ванкувер Вајтакaпс со 3:0, а повторно блескаше Златан Ибрахимовиќ кој постигна два погодоци.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Галакси одлично го отвори натпреварот и поведе уште во четвртата минута кога Ибрахимовиќ беше сигурен од белата точка. Сепак, шведскиот напаѓач вистинско шоу
приреди кон средината на второто полувреме со својот нов гол во дресот на американскиот клуб.
Ибрахимовиќ со одличен потег исфрли еден противнички фудбалер, а потоа од работ на казнетиот простор шутираше и ја погоди мрежата на Ванкувер за 2:0. Ибра имаше можност и за хет-трик, но во 77 минута Швеѓанецот му дозволи на Алесандрини да изведе нов удар од белата точка за конечни 3:0.