Дома Фудбал Репрезентации Ништо од Украина: Португалија и Шпанија добиваат замена во кандидатурата за организација на СП 2030

Ништо од Украина: Португалија и Шпанија добиваат замена во кандидатурата за организација на СП 2030

Мароко би требало да ја замени Украина и да се придружи на Шпанија и Португалија во зедничката кнадидатура за домаќинството на Светското првенство во фудбал во 2030 година, пренесува „Атлетик“.

Веројатноста дека Украина ќе успее да се опорави после воениот конфликт и да биде домаќин на групна фаза за Мундијалот 2030 е минимална, а проблеми има и во раководството на сојузот откако судот го смени првиот човек на организацијата Андреј Павелк.

Мароко е прв кандидат да ја замени Украина во заедничката кандидатура и предност на афричката држава е близината со Шпанија.

Имено, во најблиската точка ови две земји ги делат само 12 километри. Одалеченоста помеѓу Украина и Шпанија е околу 1.600 километри, Португалија е уште подалеку.

Ќе потсетиме, Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три држави – Канада, Мексико и САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…