Дома Трансфер зона Ништо од трансферот: Арнаутовиќ го продолжи договорот со Вест Хем!

Ништо од трансферот: Арнаутовиќ го продолжи договорот со Вест Хем!

Марко Арнаутовиќ ги расчисти сите дилеми и донесе конечна одлука за неговата иднина во Вест Хем Јунајтед.

Австрискиот репрезентативец имаше богата понуда од Кина и го замоли раководството да му дозволи трансфер. „Чеканите“ не сакаа да се откажат од него, па решија да му понудат нов, побогат договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На крај Арнаутовиќ реши да ја прифати понудата и стави потпис на нов договор со Вест Хем до 2023 година.

„Сакам да им порачам на навивачите дека сум среќен да останам и ќе бидам среќен што ќе играм за Вест Хем, да постигнувам голови и да асистирам. Сепак, исто така сакам да дадам до знаење дека никогаш не сум одбивал да играм и тренирам и никогаш нема да го сторам тоа. Мило ми е што клубот се подобрува и што и да се случи, Вест Хем ќе има место во моето срце. Јас сум подготвен“, истакна Арнаутовиќ преку специјално соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…