Дома Трансфер зона Ништо од Донарума: Јувентус го избра наследникот на Буфон

Ништо од Донарума: Јувентус го избра наследникот на Буфон

Доколку можеме да веруваме на пишувањата на „Corriede dello Sport“, Јувентус го избрал наследникот за Џиџи Буфон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот голман нема да го замени 21. годишниот помлад имењак, Џанлуиџи Донарума, туку изборот падна на Алекс Мерет.

Мерет е голман на Удинезе, но поради конкуренцијата во Удинезе, е испратен на позајмица во СПАЛ, со кого оваа сезона изборија промоција во Серија А.

„Старата дама“ ќе се обиде да го донесе Мерет ова лето, потоа 20-годишниот голман ќе биде испратен на позајмица во СПАЛ, а на голот на Јуве би требало да застане во 2018. година.

Буфон ќе биде „единицата“ на Јувентус до крајот на следната сезона, кога го најави и заминувањето од фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…