Германскиот селектор Ханси Флик го има најуспешниот старт на клупата на германскиот национален тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Флик вчера против Лихтенштајн со триумфот од 9:0 стигна до шестата победа. Такво нешто досега не му успеало на никого (да има шест победи во шест натпревари). Германија со него на клупата победуваше со Лихтенштајн 0:2, Ерменија 6:0, Исланд 0:4, Романија 2:1, Македонија 0:4 и вчерашните 0:9.




Серијата на Германија би можела да продолжи против Ерменија во Ереван во последниот нивни натпревар во квалификациите. Овој натпревар нема никакво резултатско значење затоа што Германија од претходно го обезбеди пласманот на СП додека Ерменија е без шанси.