Дома Трансфер зона Нзонзи на пат за Лондон – ќе потпише за Арсенал

Нзонзи на пат за Лондон – ќе потпише за Арсенал

Тимот на Арсенал е фаворит за потписот на францускиот репрезентативец и член на Севиља, Стивен Нзонзи, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нзонзи се најде на списокот на Дешамп за Светското првенство, па моментално е сконцетриран на репрезентацијата, но медиумите се сигурни дека трансферот ќе се реализира после Мундијалот.

Фраузинот и минатото лето сакаше да ја промени средината, но остана во Севиља, а сега е голема желба на тренерот Унаи Емери.

„Топџиите“ наводно веќе постигнале договор со агентот на фудбалерот и во наредните денови ќе испратат прва понуда до шпанскиот клуб.

Доколку двете страни не успеат да најдат заеднички јазик, во тој случај Арсенал е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…