Дома Фудбал Останато Нејмар: Среќен сум што потпишав за ваков амбициозен клуб!

Нејмар: Среќен сум што потпишав за ваков амбициозен клуб!

Бразилецот Нејмар вчера и официјално стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, откако за сума од 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ.

Нејмар истакна дека бил привлечен од амбициозниот план на „светците“ и ќе даде се од себе да освојува титули со новиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Пресреќен сум што потпишав за ПСЖ. Откако пристигнав во Европа, овој тим е еден од најдобрите. За мене тоа е голем предизвик. Мотивација да потпишам за овој клуб ми даде амбициозниот план и навивачите кои сакаат титули. Веќе четири години сум во Европа, подготвен сум за предизвикот. Ќе направам сè да му помогнам на тимот“, изјави Нејмар, по потпишувањето на договорот, кој го прави еден од најплатените фудбалери на денешницата.

Нејмар денес и официјално треба да биде претставен на гламурен начин на „Паркот на принцовите“, а мозно е да дебитира веќе утре во првото коло против Амиенс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…