Во текот на вчерашниот ден во јавноста се појавија информации дека Бразилецот Нејмар се понудил на Барселона да се врати во Каталонија, но брзо пристигна демант.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од таборот на Нејмар ги контактираа медиумите пренесувајќи дека информациите кои се шират за негово можно враќање во Барселона се лажни.
„Нејмар има договор со Ал Хилал и е среќен во Ријад. Наскоро ќе се врати на терените за да ги воодушевува навивачите“, соопштија од тимот на Бразилецот.
Во веста за Нејмар и Барселона се истакнуваше дека бразилскиот фудбалер се понудил, но германскиот стратег Ханси Флик го означил како непотребен.