Дома Топ вести Нејмар објави видео со кое јасно покажува каде сака да игра

Нејмар објави видео со кое јасно покажува каде сака да игра

Нејмар силно сака да се врати во Барселона, а неговата објава на Инстаграм доволно зборува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот во 2017 година ја напушти Барселона и премина во Париз, Барселона тогаш инкасираше дури 222 милиони евра. Трансферот на Нејмар беше најголем во историјата на фудбалот, но после само две сезони Бразилецот сака назад.

Со ПСЖ ја освои Лига 1, но не направи посериозен успех во Лигата на шампионите и на индивидуално ниво не напредуваше премногу и „Златната топка“ се уште му е далеку.

Додека траат преговорите и сагата околу неговиот можен трансфер, Нејмар на Инстаграм објави фотографија од дресот на Барселона.

Повеќе нема дилеми што сака Нејмар и останува да видиме дали тоа ќе му се оствари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…