Најскапиот фудалер на светот, Нејмар, веќе нема да биде под договор со компанијата за спортска опрема „Најк“, и се најавува дека ќе потпише договор со конкурентската фирма „Пума“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Најк“ објави во саботата дека го завршила спонзорскиот договор од 105 милиони долари со бразилската ѕвезда Нејмар. Нивното 13-годишно партнерство заврши, бидејќи не можеле да се договорат за следниот пакет премии.
Нејмар ќе продолжи да носи „Најк“, но само кога ќе биде на фудбалски терен, кога ќе игра за ПСЖ и бразилската репрезентација.
Медиумите најавуваат дека Нејмар ќе потпише договор со „Пума“, но се уште не се откриваат финансиските детали.