Дома Фудбал Германија Нешто не е во ред меѓу Обамејанг и Дортмунд – напаѓачот исфрлен од тимот

Нешто не е во ред меѓу Обамејанг и Дортмунд – напаѓачот исфрлен од тимот

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг денес беше исфрлен од тимот и нема да биде во составот за натпреварот против Штутгарт.

Според официјалните информации од клубот се решиле на ваква одлука поради недостаток на дисциплина кај Обамејанг, меѓутоа не открија детали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првично Обамејанг беше дел од групата за утрешниот меч на „милионерите“ против Штутгарт, но потоа беше остранет.

Ова не е првпат раководството на Борусија Дортмунд да го дисциплинира Габонецот. Слична дисциплинска казна заработи и лани, кога се шпекулираше дека ќе си замине од клубот.

Обамејанг во моментов е во голгетерска криза и повеќе од 400 минути нема постигнато гол, но има одлична статистика – оваа сезона постигна 15 гола на 17 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…