Дома Македонски спорт Несторовски после цела година одигра половина час: Давам максимум и ја чекам својата шанса

Несторовски после цела година одигра половина час: Давам максимум и ја чекам својата шанса

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски после подолго време одигра повеќе минути во ремито на Удинезе против Сасуоло од 1:1.

Несторовски од тешката повреда поради која паузираше седум месеци се врати вкупно до вчера собра само 30 минути, 12 минути на првиот натпревар во декември и 18 минути ги подели во следните три натпревари. Вчера на теренот Нестор помина 31 минути за црно-белите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Задоволен сум што после една година одиграв половина час во Серија А. Благодарен сум на тренерот за пофалбите, секогаш давам максимум на тренинзите и ја чекам својата шанса“, изјави Несторовски.

Целта на Удинезе до крајот на сезоната ќе биде десеттата позиција.

„Да се освои десетото место на табелата е нашата цел до крајот на оваа сезона“, потенцираше македонскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…