Дома Фудбал Репрезентации Необична ситуација: Иранските навивачи бараат ФИФА да ја исфрли нивната репрезентација од СП

Необична ситуација: Иранските навивачи бараат ФИФА да ја исфрли нивната репрезентација од СП

ФИФА се соочува со една необична ситуација во која иранските навивачи пред почетокот на Светското првенство бараат нивната репрезентација да биде исклучена од натпреварувањето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иранците во изминатите две недели масовно протестираат бранејќи ги припадничките на понежниот пол откако Масхе Амини почина три дена после апсењето дека не носела хиџаб. Cмртта на оваа млада девојка беше вистинска револуција и за правата на иранските жени застанаа и многу мажи, како и познати фудбалери.

„Апелираме до ФИФА поради постојаното кршење на човековите права во оваа земја веднаш да ја исклучи фудбалската репрезентација од СП во Катар според членовите 3 и 4 од Статутот на ФИФА“, објавија навивачите во своето барање.

Треба да се спомене дека во Статутот на ФИФА во посочените членови од навивачите стои дека секоја дискриминација во било каква форма, расна, полова…Строго е забранета и се заканува со суспензија или исклучување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…