Дома Фудбал Англија Необичен проблем: Њукасл со ниту еден од трите дреса не може да игра против Брајтон

Необичен проблем: Њукасл со ниту еден од трите дреса не може да игра против Брајтон

Tимот на Њукасл се соочи со необична ситуација пред вториот овосезонски натпревар во Премиер лигата кој треба да го играат на гости кај Брајтон во сабота.

Клубот објави соопштение во кое потврдува дека Премиер лигата не им дозволила да настапат со ниту една од трите гарнитури дресови затоа што сите се слични со оние на домаќинот Брајтон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Решението е пронајдено така што Премиер лигата само за овој натпревар им дозволила да играат со дресовите кои ги користат за тренинзи и загревање пред натпреварите.

Тренинг гарнитурата ќе биде комбинирана со црни шорцеви и чорапи, на опремата исто така ќе бидат додаени логоата на спонзорите на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…