Дома Трансфер зона Нема само да продава: Атлетико има огромен буџет за засилувања

Нема само да продава: Атлетико има огромен буџет за засилувања

Мадридски Атлетико во текот на летото ќе остане без голем број фудбалери.

Клубот претходно го продаде Лукас Ернандез на Баерн за 80 милиони евра, Антоан Гризман објави дека го напушта клубот, а неговиот трансфер ќе им донесе 96 милиони евра, бидејќи 24 ќе инкасира Реал Сосиедад.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како слободни играчи заминуваат Диего Гдин, Хуанфран и Филипе Луиз, па овој мадридски клб ќе мора прилично да ја реконструира екипата.

Парите нема да им бидат проблем. Со оглед на тоа дека ќе заработат доволно, раководството на тимот одлучи да издвои 200 милиони евра за засилувања.

Таа сума би требало да биде доволна за освежување на тимот, но сосема сигурно е дека Атлетико ќе ги почуствува заминувањата на стандардните првотимци во следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…