Дома Фудбал Англија Нема повеќе дилеми: Пепе во дресот на Арсенал!

Нема повеќе дилеми: Пепе во дресот на Арсенал!

Николас Пепе во секој момент ќе стане нов играч на Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пепе беше еден од најпосакуваните фудбалери ова лето, а синоќа излезе информација дека го избрал Арсенал и покрај големиот интерес од најсилните клубови во Европа.

Синоќа офанзивецот на Лил пристигна во Лондон на лекарски прегледи, а веднаш потоа на социјалните мрежи се рашири фотографија во дресот на Арсенал.

Тоа значи дека во Арсенал моментално се работи на прилогот со кој пред навивачите ќе биде претставено најголемото засилување ова лето.

Интересно, Лил се согласи на тоа Арсенал да му исплати 20 милиони фунти веднаш, а останатите 52 милиони на рати во наредните пет години.

Инаку, Пепе е четврто засилување за Арсенал ова лето, откако претходно во клубот пристигнаа Салиба, Мартинели и Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонецот Илоски му даде три гола на Интер Мајами на Меси (Видео)

Милан Илоски, кој има македонско потекло, блесна на натпреварот меѓу Интер Мајами и Филаде…