Дома Фудбал Лига на шампиони „Некогаш херои, денес губитници“ – навивачите на Баерн ги посочија виновниците за лошите резултати

„Некогаш херои, денес губитници“ – навивачите на Баерн ги посочија виновниците за лошите резултати

Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан се луѓето кои навивачите на Баерн ги сметаат за виновници за актуелната ситуација во која се наоѓа гигантот од Минхен и лошите резултати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На поранешните играчки великани во овој период не им оди како функционери, Салихамиџиќ е спортски директор, додека Кан е извршен претседател. Во натпреварот против Манчестер Сити навивачите истакнаа и транспаренти против нив двајца.

„Салијамиџиќ и Кан – херои во минатото, губитници денес“, пишуваше на транспарент во првото полувреме.

Кога веќе беше јасно дека Баерн ќе биде елиминиран истакнаа и транспарент преку целата ограда на кој пишуваше.

„Целите можат да се промашат, ама вредностите на клбуот не можат да се сменат! Преиспитајте ја политиката на водење на клубот“, гласеше таа порака на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…