Дома Трансфер зона Некогаш големата надеж на Интер ќе игра во Серија Б

Некогаш големата надеж на Интер ќе игра во Серија Б

Некогаш големата надеж на Интер и францускиот фудбал, Џонатан Бјабјани кариерата ќе ја продолжи во Серија Б во екипата на Трапани.

Овој 31 годишен Французин во текот на кариерата често се селеше Интер во Парма и обратно, а така беше и летото 2018 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот играч за врска беше планиран како големо засилување во повратничката сезона во Серија А на Парма која го плати 1.5 милион евра, но Бјабјани не успеа да се наметне.

Една година подоцна Бјабјани ја напушти Парма како слободен играч и од тогаш беше во потрага по нов клуб. Сега конечно го пронајде и се обврза за верност кон Трапани кои се наоѓа на дното на Серија Б.

Искусниот Французин во текот на кариерата запиша повеќе од 200 настапи во Серија А. Проблемите за него започнаа во 2014 година кога му беше дијагностициран проблем на срцето, од тогаш никогаш не успеа да се врати во вистинска форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…