Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед за „Скај Спорт“ зборуваше за иднината на актуелниот тренер Масимилиано Алегри.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се погласни се шпекулациите дека летово ќе има тренерска смена во Јувентус, а Недвед не сакаше да го потврди тоа, но и не негираше.
„Средбата на тренерот и на претседателот традиционално се одржува во јуни и само ако е неопходно се одржува порано од предвиденото. Имаме одличен тим и за италијански и за европски простори. Не е лесно да се засили тим кој е веќе на многу високо ниво“.
„Дали ќе остане Алегри? Ќе видиме“, изјави потпретседателот, Павел Недвед.
Јувентус синоќа загуби на гостувањето против Рома и ја продолжи низата на лоши резултати после освојувањето на Скудетото.