Лука Модриќ со години е еден од најдобрите играчи за врска во светот, а оваа сезона има реални шанси да стане и официјално најдобриот фудбалер во светот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми излегоа со исклучително интересни детали за Лука Модриќ и тврдат дека Манчестер Сити бил на чекор да го донесе Хрватот во своите редови.
Доживотиот претседател на Манчестер Сити, Бернард Халфорд изјави дека можеле да го донесат Модриќ за 10 милиони фунти додека се уште играше за Динамо Загреб.
Тогаш за „граѓаните“ играше Ведран Чорлука кој му го препорачал својот сонардник Лука Модриќ на тогашниот сопственик на клубот. Но набрзо дојде до промена на сопственичката структура, па Модриќ заврши во Тотенхем, а Сити се одлучи да го купи Давид Силва.
„Можевме да го имаме потенцијалниот добитник на Златната топка“, со носталгија открива Бернард Халфорд.