Дома Фудбал Неверојатно – Победија на пенали, па судијата ги врати да играат продолженија!

Неверојатно – Победија на пенали, па судијата ги врати да играат продолженија!

Вчера во Словенија се одиграа осминафиналните натпревари од националниот куп, најголемо изненадување беше елиминацијата на тимот Целје, кој е лидер на табелата во нивниот шампионат, но случувањата на дуелот меѓу четвртолигашот И.Б. 1975 година (поранешен Интерблок) и прволигашот Рогашка привлече најголемо внимание во јавноста.

Секако дека Рогашка беше фаворит, но ИБ 1975 поведе во 85. минута и стигна до прагот на сензација.

Две минути подоцна израмни Рогашка, а кога судијата означи крај на регуларните 90 минути, започна пенал-рулетот.

Во пенал серијата подобар беше Рогашка, нејзините играчи славеа пласман во осминафиналето, но нивното славје го прекина судијата кој ги поништи пеналите и ги повика играчите на двете екипи на продолженија!

Причина за ова беше недоразбирање, односно невнимание на делегатите и судиите, бидејќи до шеснаесеттото коло, на меѓуопштинско ниво, во случај на реми веднаш се изведуваат пенали, а од шеснаесетто коло до финалето важи поинаков пропис според кој прво се играат продолженијата.

Но, Рогашка беше подобра и во продолжението, постигна уште два гола и со вкупен резултат 3:1 избори пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…