Дома Фудбал Неверојатно: Овој човек шест години нема пропуштено натпревар во Ла Лига!

Неверојатно: Овој човек шест години нема пропуштено натпревар во Ла Лига!

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс е единствен во светот по еден сегмент во дресот на клубот од Билбао.

За Атлетик Вилијамс одигра 224 натпревари во низа без да пропушти натпревар во период од шест години. Ова е навистина повеќе од импресивно достигнување во модерниот фудбал кога голем број фудбалери се соочуват со повреди или суспензии.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На „Сан Мамеш“ во Билбао во 32. коло од шпанската Ла Лига, Атлетик ја пречека Селта и беше поразен со 2:0.

Вилијамс беше во стартниот состав на Атлетик 224 натпревар по ред, односно шест години е без пропуштен меч. Сезонава на 32 натпревари во Примера постигна седум гола и подели три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…