Дома Фудбал Репрезентации Неверојатно: Бразил од 2006 година на Мундијалите од Европа ги победува само Хрватска и Србија

Неверојатно: Бразил од 2006 година на Мундијалите од Европа ги победува само Хрватска и Србија

Изгледа неверојатно, но на Светските првенства од 2006 година, Бразил од европските земји ги победувал само Србија и Хрватска и тоа по двапати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кариоките“ се едни од главните фаворити за освојување на Мундијалот, а тоа го потврдија и после вчерашниот натпревар против Србија каде што издоминираа и славеа со 2:0. Меѓутоа кога ќе се погледне наназад може да бидат загрижени.

Имено, од 2006 година Бразил има четири победи над европски селекции и тие се само против Србија и Хрватска по двапати.

Во 2006 и 2016 Бразил славеше против Хрватска, а вчера како и во 2018 година ја победија Србија. Во тој период одиграа уште седум натпревари против репрезентации од Европа, меѓутоа имаат пет порази и два нерешени натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул го посакува за 100 милиони евра. Меѓутоа, ќе заврши во ПСЖ?

ПСЖ ГО ЗАПОЧНА ловот по Јан Диоманде (19), крилен напаѓач на РБ Лајпциг. Иако долго време …