Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатните бројки на Левандовски оваа сезона

Неверојатните бројки на Левандовски оваа сезона

Роберт Левандовски со вчерашниот гол против Лион во полуфиналето уште еднаш ја потврди неговата импресивна сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Полскиот голгетер во победата над Лион од 3:0 ја продолжи фантастичната низа во Лигата на шампионите. Левандовски беше стрелец на девет натпревари во низа и единственот пред него е Роналдо со 11.

Исто така со 15 голови го изедначи рекордот на Јирген Клинсман од сезоната 1995/1996 кога во прашање е учинокот на фудбалер од некој германски клубови во еврокуповите. Повеќе од него во една сезона постигна само Кристиано Роналдо – 17.

Со вкупно 55 голови во 46 натпревари во сите натпреварувања Левандовски се изедначи со Атлетико Мадрид – толку голови даде оваа екипа сезонава. Во Лигата на шампионите Гнабри и Левандовски имаат постигнато повеќе голови од целиот тим на ПСЖ.

Само Левандовски постигна повеќе голови од целиот тим на Лион во Лигата на шампионите оваа сезона. Баерн стигна до своето 11 финале во ова натпреварување, колку што има и Милан, само Реал е подобар со 16.

Лева е четврти најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампоните со 68 голови, зад Роналдо (130), Меси (115) и Раул (71).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чаби Алонсо на прагот на Премиер лигата?

Челзи ја доживува една од нивните најлоши сезони. Англискиот клуб несомнено следната сезон…