Бока Јуниорс во саботата гостува кај градскиот и најголем ривал Ривер Плата во вториот натпревар во финалето на Копа Либертадорес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот натпревар на Ла Бомбонера заврши без победник. Конечниот резултат гласеше 2:2, но со оглед на тоа дека на ова натпреварување не се признава гол во гости, Ривер Плата утре тргнува од нула.
Последниот тренинг пред гостувањето привлече 50.000 навивачи на Бока. На трибините владееше апсолутно лудило, а сликите од исполнетата Ла Бомбонера го обиколија светот.
Еден од навивачите дури се обиде да влезе на теренот. Полицијата потоа жестоко реагираше, а се вклучи и легендата Карлос Тевез. Дојде до навивачот и му ја поклони тренерката.