Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатни бројки на Бензема: Французинот е човек за големи натпревари!

Неверојатни бројки на Бензема: Французинот е човек за големи натпревари!

Карим Бензема обожава да игра натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Групната фаза како да не е преголема мотивација за францускиот голгетер за потоа да се „разбуди“ во пролетниот дел од сезоната. Така беше минатата, така е и оваа година. Бензема на последните девет натпревари во нокаут фазата од Лигата на шампионите постигнал 14 голови.

Головите Бензема ги постигнал против тимови како што се Челзи, ПСЖ, Манчестер Сити и Ливерпул. На вчерашниот ривал, Челзи му дал вкупно пет гола, додека на Сити, ПСЖ и Ливерпул по три.

Ако на тоа се додаде и освоената Лига на шампиони тогаш јасно е зошто Бензема е „Златната топка“. Реал можеби е далеку од титулата во Ла Лига каде што Барселона има огромна предност, но куп натпреварите очигледно многу повеќе им одговараат на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …