Неверојатен податок најавува дека Рафа Бенитез наскоро би можел да биде отпуштен од тренерската позиција во Њукасл.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез му се „смешка“ отказ доколку нешто за брзо не промени во својот тим.
Црно-белите после девет кола во англиската Премиер лига се наоѓаат на последното место на табелата, можеби и тоа не е толку страшно колку еден друг податок.
Имено, Њукасл последен пат запиша победа во пријателскиот натпревар против Сент Патрик, а тоа беше на – 17 јули! Ова значи дека англискиот премиерлигаш е без победа повеќе од три месеци.
Во меѓувреме успеаа да освојат два бода од стартот на сезоната кога одиграа без голови против Кардиф и Кристал Палас. Испаднаа од Лига купот од Нотингем, но купот веројатно и е толкава грижа.
Она што сигурно најмногу ги загрижува е тоа што доколку нешто многу брзо не се смени на подобро, клубот повторно ќе се врати во Чемпионшип.