Дома Фудбал Италија Не се само 30 милиони по сезона: Роналдо во договорот со Јувентус има посебна клазула!

Не се само 30 милиони по сезона: Роналдо во договорот со Јувентус има посебна клазула!

bernardeschi ronaldo

Кристиано Роналдо ова лето го изненади фубалскиот свет, не толку со тоа што го напушти Мадрид бидејќи и најави такво во финалето од Лигата на шампионите, но секако дека беше големо изненадување што ја избра Серија А и Јувентус.

Јувентус за неговите услуги на Реал Мадрид му плати сума од 100 милиони евра, а според договорт Португалецот во Торино ќе добива плата од 30 милиони евра по сезона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Но, италијанските медиуми пишуваат дека фиксната плата не е единствена заработка која Роналдо ќе ја има од Јувентус, секако доколку го исполни договореното.

Наводно, тој издејствувал во својот договор да има клазула на бонус од пет милиони евра доколку на крајот од сезоната има просек на еден гол по натпревар.

После стартот на сезоната и одиграни три натпревари Роналдо, се уште чека на првенецот, што значи дека за да го исполни условот и да добие дополнителни пет милиони евра Роналдо во наредните 35 натпревари во Италија треба да постигне 38 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oфицијално: Чави заминува од Барселона!

Како и што се најавуваше, Чави доби отказ во Барселона и нема да го предводи клубот во нар…