Дома Фудбал Не сака да заработува од националниот дрес: Зијеш сите пари од репрезентацијата ги донира

Не сака да заработува од националниот дрес: Зијеш сите пари од репрезентацијата ги донира

Хаким Зијеш е главната ѕвезда на мароканската репрезентација, но тој не сака да заработува од играњето за својата земја и сите добиени пари за настапот на Мундијалот ќе ги донира.

Зијеш никогаш не земал ниту евро од она што му следува за носењето на националниот дрес. Сите добие средства ги донира на вработените во репрезентацијата и на сиромашните луѓе во Мароко.

Мароканските фудбалери веројатно ги очекува солидна награда од својата држава затоа што веќе ги надминаа очекувањата и ќе играат четвртфинале против Португалија. Претходно ја елиминираа Шпанија, а во група со Белгија и Хрватска беа првопласирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…