Дома Македонски спорт Не поминаа ни три месеци од дебито, а други клубови веќе сакаат да „грабнат“ Миовски од Абердин!

Не поминаа ни три месеци од дебито, а други клубови веќе сакаат да „грабнат“ Миовски од Абердин!

Бојан Миовски има фантастичен старт на својата епизода во шкотски Абердин и после шест кола во шкотската Премиер лига е во врвот на листата на стрелци со пет гола.

Повеќе постигнати голови од Миовски во Шкотска имаат само Јапонецот Фурухаши и Израелецот Абада, двајцатга од Селтик. Постојано пристигнуваат изјави од таборот на Абердин за пофалби на Миовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Абердин Џим Гудвин на медиумите им признал дека веќе постои сериозен интерес за Миовски од други клубови иако тој дебитираше за овој тим пред неполни три месеци.

Тој очекува Миовски да биде и прв напаѓач на Македонија во септемврскиот циклус од Лигата на нации во кој ќе играме против Грузија и Бугарија.

И Гудвин зане дека со оглед на настапите на Миовски ќе биде тешко да го задржат Миовски на подолг период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…