Легендата на Арсенал Пол Мерсон не може да верува како Челзи дозволил Вилијан кариерата да ја продолжи во Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вилијан импресионираше на премиерлигашкото деби за Арсенал против Фулам од 3:0.
Асистираше за двата гола и веднаш почна да покажува зошто Арсенал го доведе. Челзи му понуди на Вилијан продолжување на соработката, но условите не беа ниту приближно добри на оние кои му ги понуди Арсенал.
„Искрено не можам да верувам дека Челзи го пушти Вилијан да замине и тоа во големио ривал“, изјави Мерсон за англиските медиуми.
Френк Лампард доведе засилувања кои имаат потенцијал да го заменат Бразилецот, пред се талентираниот Германец Хаверц, но Мерсон тврди дека тоа не е гаранција дека тој ќе биде успешен како Вилијан.
„Знам дека потрошија многу пари на квалитетни засилувања, ми се допаѓаат тие играчи, но прашање е дали ќе се вклопат. Од друга страна Вилијан е спремен“, додаде Мерсон.