Maкедонскиот фудбалер, Александар Трајковски во минатото коло се повреди за Мајорка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Трајковски не беше во стартниот состав во игра влезе во 90. минута, а веќе во 93. беше заменет поради повреда. Станува збор за повреда на мускулот, а тренерот на Мајорка Лукс Гарсија Плаза не знае кога повторно ќе може да смета на Трајковски. Тој потврди дека Трајковски нема да биде во комбинација за настап за утрешниот натпревар против Картагена на гости.
„Нема да патува во Каратегена. Не знаеме колку време ќе биде надвор од терените затоа што станува збор за мускулна повреда и ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, мое мислење е дека сигурно нема да може да сметам на него во наредните четири натпревари“, изјави Гарсија за Трајковски.