Дома Фудбал Англија Ндомбеле откри зошто не се пресели во Интер

Ндомбеле откри зошто не се пресели во Интер

Играчот за врска на Тотенхем, Танги Ндомбеле потврди дека Интер бил силно заинтересиран за него ова лето.

Конте го сакаше Французинот и преговорите беа во напредна фаза, но претседателот на „спарси“ Даниел Леви го стопирал трансферот.

„Претседателот кажа НЕ на трансферот во Интер. Тој сакаше да останам, а јас сакав да покажам повеќе во споредба со минатата сезона. Со Мурињо го оставивме недоразбирање во минатото и резултатите почнаа да се гледаат“.

„Му докажав дека сум мотивиран, тоа е најважно. Сега работите со тренерот одат добро бидејќи и двајцата го оставивме егото настрана. Сега се разбираме одлично“, откри Ндомбеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карагер удри по Сити: Ги украдоа спомените и емоциите!

Земете им ги медалите и трофеите. Одговорност имаат и играчите. Не ја сакам таа медалја. И…