Дома Фудбал Најтажниот „Боксинг деј“ во историјата…

Најтажниот „Боксинг деј“ во историјата…

Најубавиот празник во фудбалот, а посебно на Островот е 26. декември, познат како „Боскинг деј’.

Првиот ден после Божиќ река од навивачите, во кругот на семејството, пријателите, роднините одат на натпреварот на својот омилен тим. Тогаш се играат најголем број натпревари. Во превод, игра секој тим од најнискиот до највисокиот ранг.

И баш затоа денес кога навивачите не можат да бидат на трибините ова ќе биде најтажниот „Боксинг деј“ во историјата.

Поради пандемијата и појавувањето на новиот вид на коронавирус во Велика Британија, само градот Ливерпул може да ги отвори трибините и тоа за најмногу 2.000 навивачи. Ова значи дека само на натпреварите, Ливерпул – ВБА и Евертон – Манчестер Сити во понеделник ќе можат да присуствуваат 2.000 навивачи.

Сите други градови се затворени и на ниту еден друг стадион нема да има публка. За работата да биде уште потажна денес во Премиер лигата ќе се сретнат Арсенал и Челзи, можеме само да замислиме каков празник на фудбалот ќе беше во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед во криза каква што не памети 39 години: Карик не прифаќа дека се збогувал

По домашните 0:3 против Борнмут, иднината на Мајкл Карик е под прашалник. Тренерот тврди д…