И додека поголем дел од фудбалерите одмараат во Премиер лигата за време на Божиќ и Нова година се игра во полна пареа.
Денес во Англија се игра фудбал на традиционалниот „Боксинг деј“
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Играњето фудбал на овој ден започнува од самите почетоци на фудбалот каков што денес го познаваме. Шефилд и Халам одиграа натпревар во 1860 година. Потоа во првата сезона од старата Фудбал Лига (1888/1889) Престон на 26 декември го совлада Дерби со 5:0 и така на тој датум започна да се игра фудбал.
Постојат неколку теории според кои „Боксинг деј“ го добил името, но најинтересна е онаа со господарите и слугите. „Christmas Box“ e англиското име за Божиќен подарок. Богатите Англичани кои во своите домови имале слуги и помошници, на 26 декември ги добиле своите подароци, а поради тоа денот бил наречен „Боксинг деј“.
Втората теорија е дека на Божиќ во црквите се собирале пари, а еден ден подоцна (на Боксинг деј) истите се отварале.
Но, како и да е веќе повеќе од 120 години од тој 26 декември во Обединетото кралство се игра фудбал, Премиер лигата, пониските лиги, аматерските лиги – сите играат.
Денес ќе биде најтажниот „Боксинг деј“ затоа што навивачите поради пандемијата од коронавирусот нема да бидат на стадионите. Само во Ливерпул се дозволени најдмногу до 2.000 навивачи, во останатите градови ќе се игра пред празни трибини.